Дома Фудбал Необичен договор на Модриќ: Милан ја чека одлуката на Хрватот

Необичен договор на Модриќ: Милан ја чека одлуката на Хрватот

Лука Модриќ ја доживува својата втора младост во дресот на Милан и фантастично ја започна својата авантура во Италија, но продолжувањето на договорот е далеку од решено. Иако италијанските медиуми, како што е „Газета дело Спорт“, претходно пишуваа дека продолжувањето на соработката изгледа како формалност, новите информации откриваат необична ситуација каде што иднината не зависи од клубот, туку исклучиво од хрватскиот мајстор, пишува порталот „Семпре Милан“.

Новинарот Матео Морето во видео на Јутјуб каналот на Фабрицио Романо, најголемиот експерт за трансфери на фудбалери, ги објасни деталите на договорот на Модриќ. Воедно подвлече дека неговиот случај е сосема различен од вообичаената пракса.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Многу се зборува за можното продолжување на договорот за Лука Модриќ. Таа опција година плус година во неговиот договор повеќе е одлука на играчот отколку на Милан. Обично клубот одлучува, но кај Модриќ случајот е необичен. Тој побара од Милан лично да може да одлучи на крајот на сезоната”, рече Морето.

Ова значи дека клаузулата за продолжување уште една сезона не е еднострана опција која може да ја активира клубот, ниту се активира автоматски по одреден број настапи. Целата одлука за тоа дали и следната сезона ќе го носи дресот на Росонерите лежи кај самиот Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taлентот на Арсенал скока пет генерации во репрезентацијата!

Макс Доуман, 15-годишен талент од Арсенал, се наоѓа на праг да ги надмине петте возрасни г…