Дома Фудбал Ерлинг Халанд приреди изненадување за соиграчите по победата

Ерлинг Халанд приреди изненадување за соиграчите по победата

Норвешка репрезентација е пред вратата на Светското првенство откако во вчера  ја совлада Естонија. Александар Серлот и Ерлинг Халанд, ударната двојка, постигнаа по два гола. Напаѓачот на Манчестер Сити уште еднаш ја покажа својата извонредна форма, а светските медиуми пренесоа што направи по триумфот на тимот.

По натпреварот, 25-годишниот Халанд, кој вечерта го запечати својот 30-ти гол оваа сезона, беше снимен како носи огромна нарачка во соблекувалната, што предизвика воодушевување меѓу соиграчите. Англиските медиуми пишуваат дека ги почестил со 70 чизбургери, што Сандер Берге го прокоментира: „Нашиот капитен покажа вистинска големина.“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Норвешка ја обезбеди победата во 12-та минута од второто полувреме на националниот стадион Уллевал. Серлот погоди во 50. и 52. минута, а потоа Халанд се запиша на листата во 56. и 62. минута. Естонија успеа да постигне само утешен гол до крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…