Дома Кошарка Навивач влета на теренот, Јокиќ „бегаше“ на страна: Хаос на натпреварот помеѓу Денвер и Клиперс (Видео)

Навивач влета на теренот, Јокиќ „бегаше“ на страна: Хаос на натпреварот помеѓу Денвер и Клиперс (Видео)

Натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс во еден момент се претвори во вистински хаос – и тоа во моментот кога Никола Јокиќ играше натпревар на животот!

Српската ѕвезда постигна 55 поени во победата на својот тим со резултат 130:116, но двобојот во „Интуит Домот” беше обележан и со инцидент со навивач кој влета на теренот.

Играчите беа збунети и почнаа да се повлекуваат, меѓу нив и самиот Јокиќ, кој во еден момент на видео снимката се гледа како се повлекува на страна – избегнувајќи било каков контакт.

За среќа, обезбедувањето реагираше навреме, мажот брзо беше совладан и отстранет од паркетот, а Јокиќ кратко потоа излезе од теренот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал ја решета Црвена звезда: 17 тројки и убедливи 105-84 во Мадрид!

Реал Мадрид постигна 38 поени уште во првата четвртина и ја совлада Црвена звезда со 105-8…