Дома Останати Кошарка Каков малер: Се врати на теренот по 500 дена пауза и за две минути ја скина тетивата! (Видео)

Каков малер: Се врати на теренот по 500 дена пауза и за две минути ја скина тетивата! (Видео)

По долга пауза од 500 дена поради сериозни повреди, американскиот плејмејкер на Олимпијакос, Кинан Еванс, се врати синоќа на кошаркарскиот терен. На влезот го пречекаа со аплаузи, но само две минути подоцна, неговото радосно враќање се претвори во кошмар. Во натпреварот против неговиот поранешен клуб Жалгирис, Еванс влезе во игра при крајот на првата четвртина. Публиката во “Дворецот на мирот и пријателството” го дочека со овации, а навивачите подигнаа транспаренти за добредојде. Неговото задоволство траеше токму две минути и една секунда.

Без контакт со противничкиот играч, при еден напад, Еванс падна на подот држејќи го својот лев глужд. Со болни извици и повик: “Не може да биде!”, соиграчите го изнесоа од теренот. Видеото од моментот можете да го видите ТУКА. Медицинските испитувања по натпреварот потврдија дека станува збор за кинење на ахиловата тетива на левата нога. За Еванс оваа сезона завршува, а го очекува трет долготраен и напорен опоравок во помалку од три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тајм-аут кој стана хит во регионот: Тренеот на Студентски центар пцуеше се по ред! (ВИДЕО)

Снимка од еден тим-аут на натпревар од АБА лигата предизвика огромно внимание и брзо стана…