
Ѕвездата на Премиер лигата, Рос Баркли, реши да стави крај на конзумирањето алкохол. Овој потег доаѓа во време кога игра во одлична форма за Астон Вила под водство на Унаи Емери. 31-годишниот фудбалер отворено зборува за проблемите кои го следеа низ кариерата и неговата одлука остатокот од професионалниот пат да го помине трезвено, пренесува Daily Mail.
“Не сум пробал алкохол од летото”, изјави Баркли за The Athletic, објаснувајќи ја својата одлука. “Тоа создава ситуации кои повеќе не сакам да ги доживувам.” Влијанието за оваа промена го наоѓа во тоа што стана татко во декември минатата година, како и тоа дека му останува ограничено време на фудбалските терени.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
“Алкохолот, за повеќето луѓе, може да предизвика проблеми – тоа сега го разбрав,” додаде тој. “Без алкохол, не влегувате во такви ситуации. Можете секојдневно да имате чист ум и тоа не ви влијае ментално. Има многу придобивки од тоа да се живее без него.”
Кариерата на Баркли, покрај блескавите моменти, беше обележана и со серија инциденти поврзани со алкохолот, кои ги полнеше медиумите, од времето кога играше за Евертон па се до Челзи.