Дома Фудбал Нејмар под жесток напад, Санто го брани: Ти си гениј, не те разбираат!

Нејмар под жесток напад, Санто го брани: Ти си гениј, не те разбираат!

Екипата на Сантос застана во одбрана на Нејмар откако оваа бразилска ѕвезда се најде под критики поради неговото однесување по новиот пораз на тимот. Нејмар реагираше бурно на неговата замена за време на мечот со Фламенго (поражот од 2:3), а потоа и го искритикува судијата. Неговото однесување беше остро осудено од бразилските медиуми, кои се разочарани од неговите настапи додека Сантос се бори да избегне испаѓање.

Кога беше заменет на теренот во 84. минута, неговиот тим успеа да постигне два гола. Нејмар не го виде тоа бидејќи одби да ја гледа завршницата на натпреварот и замина во соблекувалната. По поразот, медиумите го нарекоа „бавен” и „срам”, предупредувајќи дека со ваква форма нема да биде примен во репрезентацијата на Бразил за СП 2026.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Globo извести дека Нејмар “веќе не е миленик во Сантос” и неговото однесување ги “изнервирало соиграчите и управата”. Се додава и дека “Нејмар повеќепати ги изложувал другите играчи на потсмев, без да помогне на тимот да се врати во натпреварот”.

Извршниот директор на фудбалскиот сектор во Сантос, Александар Матос, потоа на Инстаграм му пружи поддршка на својата звезда:

“Генијалците често се погрешно разбрани, така било секогаш во човечката историја. Мислат пред своето време, прават работи поинаку, оставаат траги. Ненаситни се во предизвици, промени и цели кои малкумина успеваат да ги достигнат. Оставаат наследство, создаваат историја. Но сепак и тие се човечки суштества, грешат и успеваат, се смеат и плачат, имаат чувства, срце, дишат, живеат и ги поднесуваат ударите на животот…

Ти си таков, гениј… Тие кои те познаваат, знаат каков човек си, какво срце имаш, колку скромност зрачиш, колку ти е грижа за сите, каков си татко и пријател. Постојано се обидуваат да те победат, не можат, се обидуваат да те срушат, ти повторно се издигаш; за тебе се е поголемо, но ти си поголем од се. Знаеш зошто? Бидејќи имаш Бога во срцето. Добрата аура.

Брате мој, никогаш нема да бидеш сам. Биди сигурен дека сум тука да ги прифатиме ударите на животот заедно. Твоето семејство е тука, твоите пријатели се тука, твоите соиграчи се тука. Јас ти се восхитувам, како и милијарди ширум светот кои сонуваат да бидат како тебе. Тоа го заслужи, тоа заслужуваш. Тешките моменти ги прават мажите посилни. Засекогаш сум со тебе. Во добро и во лошо.”

Поразот од Фламенго значи дека клубот по 32 кола сè уште е во зоната за испаѓање, два бода подалеку од сигурноста. Потенцијалното испаѓање може значително да влијае на тоа дали Нејмар ќе остане по оваа сезона. Договорот на 33-годишниот истекува на крајот од сезоната.

Се шпекулира дека би можел да се приклучи на Интер Мајами, каде би се соединил со поранешниот соиграч од Барселона и ПСЖ, Лионел Меси, додека неговиот татко претходно зборуваше за интересот на клубовите од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта: Не е реално да зборуваме за враќање на Меси

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта даде интервју за “Радио Каталуња”, во кое го комен…