Дома Фудбал Дешан веќе знае, ќе ја напушти Франција – го избрал и новиот клуб!

Дешан веќе знае, ќе ја напушти Франција – го избрал и новиот клуб!

Светскиот шампион и вице-шампион со репрезентацијата на Франција, Дидие Дешан, ќе се раздели со селекцијата по завршувањето на Светското првенство 2026 година, што е познато веќе извесно време.

Дешан е кормилар на францускиот национален тим од 2012 година. Под негово водство Франција го освои светското злато во 2018 година, додека на финалето во 2022 година, претрпе пораз од Аргентина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По завршувањето на следниот Мундијал, 57-годишниот Дешан ќе ја заврши својата улога како селектор на Франција и повторно ќе се посвети на клупскиот фудбал. Според пишувањата на угледниот „Екип”, неговиот нов ангажман ќе биде во Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Во овој тим, Дешан ќе се сретне со двојца познати француски фудбалери – Н’голо Канте и Карим Бензема.

Тоа ќе означи враќање на Дешан во клупскиот фудбал по 14 години долг период. Пред да ја преземе функцијата селектор на Франција, тој ги тренираше тимовите на Монако, Јувентус и Марсеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците бараат исфрлање на ѕвездата од репрезентацијата: „По ова не смее да оди на СП“

Антонио Рудигер се најде на жесток удар во Германија поради бруталниот старт над играчот н…