Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Челси кој избра пари место слава ја завршува кариерата на 34 години поради проблеми со срцето

Поранешниот фудбалер на Челси кој избра пари место слава ја завршува кариерата на 34 години поради проблеми со срцето

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е принуден да ја заврши својата кариера откако беше хоспитализиран поради срцеви проблеми.

Неговото име беше познато во Челзи, но вчера беше хоспитализиран поради лошо чувство, а последните вести сугерираат дека поради срцевиот проблем ќе мора да се повлече од фудбалот и да се посвети на здравственото закрепнување.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според објавата на Daily Mail, Оскар изгубил свест за време на тренинг, поточно при користење на стационарен велосипед додека се подготвувал со бразилскиот Сао Пауло.

Околу пред десет години, тој беше голема ѕвезда во Челзи, но во најдобрите години на својата кариера, на само 25 години, одлучи да ги напушти Сините и да направи трансфер во Кина.

Нормално, тој исчезна од фудбалската сцена и беше заборавен од многу негови навивачи.

Според Global Esporte, тестирањата покажале абнормалности во неговото срце при медицинските проверки пред враќањето на теренот после повреда. Медиумите известуваат дека докторите на Сао Пауло процениле дека играчот од средниот ред е подготвен за враќање на теренот.

Оскар се врати во Сао Пауло во јануари оваа година, откако осум години играше за кинескиот Шангај СИПГ, претходно, освен за Челзи, играше и за Интернасионал.

Двапати беше првак на Англија со Челзи и еднаш ја освои Европската лига со Лондонскиот клуб. За бразилската репрезентација забележа 48 настапи и постигна 12 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Насилници провалиле во куќа на фудбалска ѕвезда додека бил во неа со семејството – морал да се брани со нож!

Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани п…