Дома Останати Кошарка Joкиќ со моќна игра го водеше Денвер до триумф, малку му недостигаше за нов трипл-дабл (Видео)

Joкиќ со моќна игра го водеше Денвер до триумф, малку му недостигаше за нов трипл-дабл (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најдобриот играч на Денвер на теренот и со дабл-дабл учинок ги водеше Нагетс до победа над Сакраменто, вкупно осмата победа во сезоната, со резултат 122:108!

Јокиќ го заврши мечот со 35 поени, 15 скокови и седум асистенции, со совршен шут од игра 16/9 и фактот дека во последната четвртина играше многу малку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Токму тоа му беше потребно на Денвер – Јокиќ да не мора да игра до изнемоштеност, а под кошот одлично го замени Јонас Валанчиунас со 10 поени и седум скокови.

Јокиќ на почетокот на последната четвртина седна на клупата, потоа се врати четири минути пред крајот, но не успеа да стигне до двоцифрен број асистенции кои му беа потребни за нов трипл-дабл. Сепак, еднаш успеа да ја воодушеви НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден…