Дома Фудбал Милан се засилува со ѕвезда на Баерн

Милан се засилува со ѕвезда на Баерн

Милан во зимскиот преоден рок сака да го засили тимот, а приоритет ќе биде доведување на искусен дефанзивец.

Прв на листата желби е дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Жае, кој има искуство во Серија А.

Ким беше дел од шампионскиот тим на Наполи, а потоа беше привлечен од Баерн во 2023 година. По две цели сезони кај баварците, Кореецот не беше убедлив и германските шампиони се подготвени да се разделат со него.

Ким оваа сезона не добива голема минутажа и самиот е спремен да ја промени средината, а Баерн е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…