
Реал Мадрид нема трет напаѓач, кога не оди на Винисиус Жуниор и Килијан Ембапе, Родриго не е тој на кој тимот може да се потпре.
Чаби Алонсо од почеток го постави Родриго на клупа, а според сето покажано досега, не згреши многу.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Бразилецот од доаѓањето на Алонсо има одиграно 16 натпревари, но на терен поминал само 452 минути, а не постигнал ниту еден погодок.
Но, ни тоа не е се, затоа што Бразилецот нема постигнато ниту еден гол на последни 29 натпревари во дресот на Реал Мадрид.
Верувале или не, Родриго последен пат постигнал погодок на 4 март оваа година во натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Од тогаш, постигнал само еден гол во пријателска средба против Тирол, додека за репрезентацијата на Бразил постигнал два гола, во последниот октомвриски прекин против Јужна Кореја.