Дома Фудбал Зидан потврди: Наскоро се враќам

Зидан потврди: Наскоро се враќам

Французинот Зинедин Зидан потврди дека планира наскоро да се врати на тренерската функција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Ќе се случи наскоро, многу наскоро“, го цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Зидан на профилот на социјалната мрежа X.

Зидан го водеше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Во овој период, под негово водство, Кралскиот клуб три пати ја освои Лигата на шампиони, два пати беше шампион во шпанската Ла Лига и исто толку пати ја крена Суперкупата на Шпанија.

Последните гласини велат дека Зидан ќе го замени Дидие Дешан како селектор на националниот тим на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…