
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, потврди дека ги напушта „Триколорите“ по Светското првенство во 2026 година, но сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Сепак, тој ги негираше гласините за можно враќање во Јувентус или преземање на бразилската репрезентација.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Можеби имав некои контакти, не конкретно со нив (Бразил). Нема да зборувам за имиња, но тие ја знаат мојата ситуација“, рече Дешан.