Дома Фудбал Легенда на англискиот фудбал упати остри зборови до Виртц по поразот од Сити

Легенда на англискиот фудбал упати остри зборови до Виртц по поразот од Сити

Флоријан Виртц имаше нова тешка вечер во поразот на Ливерпул од Манчестер Сити.

Овој 22-годишен германски плејмејкер, кој во летниот трансфер период пристигна на Енфилд за огромни 116 милиони фунти, се уште ја бара формата што ја имаше во Баер Леверкузен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Виртц, кој беше рекорден трансфер во британскиот фудбал, се уште нема забележано ниту гол ниту асистенција во Премиер лигата.

Гери Невил смета дека е време да се престане со поблаг пристап и избегнување на вистината.

“Виртц е проблем. Да го кажеме како што е. Тоа е проблем. Тој чини над 100 милиони фунти, и искрено, реков пред неколку недели дека Керкез изгледаше како мало дете на теренот. Денес Виртц изгледаше како мало дете. Тоа не може да биде случај.”

Невил нагласи дека долго време се бараа оправдувања за неговата младост и адаптација на англискиот фудбал.

Веќе со месеци внимаваме што ќе кажеме, млад човек е, нова средина, нова земја, но тој чини повеќе од 100 милиони. Мораш да се покажеш. Очигледно има нешто, одличен техничар е, но денес Матеус Нунес и останатите буквално го изедоа. Го фрлаа по теренот. Не испорача квалитет и тоа е сериозна грижа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Ендрик го постигна првиот гол за Лион

Фудбалерите на Лион обезбедија место во осминафиналето на францускиот Куп. На гостувањето …