
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има извонредно мислење за актуелниот капитен на тимот, Бернардо Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанецот беше особено расположен по големата победа над шампионот на Англија, Ливерпул (3:0) во 11. коло од Премиер лигата.
По овој натпревар, кој беше неговиот 1.000-ти на тренерската кариера, тој зборуваше пофално за многу играчи со кои соработувал изминатите години, но посебно го пофали малиот Португалец.
„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција да забележи простор и како да се снајде во дадена ситуација, тој сето тоа го поседува. Можам слободно да кажам дека е еден од најпаметните играчи што сум ги запознал„, рече Пеп Гвардиола.
Бернардо Силва минатата година се мачеше со формата, но оваа сезона е капитен на тимот.
„Не му беше лесно минатата сезона. Понекогаш ми рече: ‘Пепе, исцрпен сум. Мојот ум веќе не е тука, ниту моите нозе.’ Но, тој беше тука. Затоа денес е наш капитен„, рече Пеп Гвардиола, пренесува Скај Спортс.