Дома Фудбал Сари бара странски судии

Сари бара странски судии

Во дербито од 11. коло на италијанското фудбалско првенство, Интер извојува победа над Лацио со резултат од 2:0 на Сан Сиро, со што го презеде врвот на табелата. Домаќините поведоа уште во третата минута со гол на Лаутаро Мартинез, што беше првиот погодок што тимот од Рим го прими по четири натпревари. Победата на Нераѕурите ја потврди Анџе Бони во 62. минута.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот, тренерот на Лацио, Маурицио Сари, изрази желба за ангажирање на странски судии: “Судијата не влијаеше на исходот од натпреварот. Интер ќе победеше без оглед кој судеше. Сепак, мислам дека италијанските судии не се на ниво на задачата. Време е да ангажираме странски судии затоа што ситуацијата е сериозна,” изјави Сари.

За Интер ова беше четврта последователна победа во сите натпреварувања и десетта во последните единаесет натпревари. Од друга страна, Лацио го претрпе првиот пораз во последните седум натпревари. Последниот пораз за небесно-сините беше на 21 септември во дерби натпреварот против Рома (0:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…