Дома Фудбал Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се врати во најдобрата си форма за тимот, пренесе ДПА.

Освојувачот на „Златната топка“ од минатата година неколку пати не успеваше да се врати стабилно во игра по сериозната повреда на коленото, која го лиши речиси целосно од натпревари во сезоната 2024-25. Шпанскиот репрезентативец повторно играше изминатиот викенд, но потоа го пропушти триумфот над Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Јас сум сигурен 100% дека тој ќе се врати и ќе игра. Можеби ќе му треба малку време за да го достигне нивото на кое беше, бидејќи треба да одигра натпревари, натпревари, натпревари, но ќе го направи тоа”, изјави Гвардиола за својот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…