
Кошаркарите на Денвер нагетс запишаа и четврта победа по ред, забележаа вкупно седма во сезоната, бидејќи во “Ball Arena” падна екипата на Indiana Pacers со резултат 117:100. Ова беше еден од оние натпревари кои во ниту еден момент не беа резултатски интересни и составот од Колорадо дојде до скор 7-2 и подели прво место на Западот, а ривалите паднаа на 1-8 и делат претпоследна позиција на Истокот.
Централна фигура беше Никола Јокиќ, кој во деветтиот натпревар во сезоната забележа шести трипл-дабл, и за тоа му беа потребни само 22 минути игра, па веќе во третиот квартал прослави двоцифрени броеви во три категории. Ова му се случи четврти пат од почетокот на кампањата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Српскиот центар постигна дури 32 поена, со 14 скока и асистенции, и така ги водеше Nuggets кон повеќе од лесна победа. Погоди 10/14 од игра, 11/12 од пенал, но имаше и дури осум загубени топки, што секако не го намалува одличниот учинок и неговиот 170-ти трипл-дабл во регуларната сезона.
.