Дома Фудбал Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Барселона како да е проколната, поради сцената од тренингот на Флик му падна „мрак на очи“

Утре Барселона ја очекува незгодно гостување во Виго кај Селта во натпревар од 12. коло на шпанската Ла Лига, а Хансија Флик го дочекаа уште едни лоши вести.

Каталонскиот тим не блеска многу сезонава како што правеше во претходната кога во Шпанија освоија се што можеа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По ремито во Белгија против Клуб Бриж (3:3) во натпреварот од Лигата на шампионите, веќе утре Каталонците ги очекува нов натпревар и гостување во Виго.

Селта овој натпревар го дочекува во одлично расположение бидејќи во Европа имаше успех откако во четвртокот на Максимир го победи загрепски Динамо со убедливи 3:0.

Гостувањето во Виго за Барселона е традиционално многу незгодно што се виде и минатата сезона кога Селта успеа да освои бод играјќи 2:2.

Сепак, пред заминувањето во Виго, тренерот на каталонскиот тим Хансија Флик го дочекаа нови лоши вести бидејќи продолжија огромните проблеми кои ги има со повредените играчи оваа сезона.

Листата на повредените играчи на Барселона е доста долга, а на неа се приклучи и Жул Кунде што за Флик е тежок удар со оглед на тоа дека тој е единствениот вистински избор на позицијата десен бек кој го има.

Кунде се повреди на натпреварот во Белгија, но се очекуваше дека не е ништо сериозно и дека ќе биде подготвен за Селта.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува „чистка“ во средниот ред, на повидок и една неочекувна одлука!

На Олд Трафорд претстои лето на значајни промени. Составот на средината е приоритет, а нек…