Дома Останати Кошарка Јокиќ се пошегува по бруталното забивање на Гордон: Дали беше импресивно?

Јокиќ се пошегува по бруталното забивање на Гордон: Дали беше импресивно?

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, се пошегува на сметка на својот колега од тимот, Арон Гордон, кој приреди спектакуларно забивање во натпреварот против Голден Стејт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нагетс ги совладаа Вориорс со убедливи 129:104, а еден од врвните моменти на мечот беше токму забивањето на Гордон.

Во средината на третата четвртина, Гордон го напаѓаше кошот на Голден Стејт и незапирливо заработи забив над Поста.

По натпреварот, новинарите го потсетиле Јокиќ на забивањето, но тој само се насмеал и по кратка пауза од околу 15 секунди одговорил: “Навистина не се сеќавам”. Потоа го праша Гордон: “Кога забиваше?”

“Дали беше импресивно”, праша Јокиќ одново, и тоа по реакцијата на новинарите дека снимката е секаде на социјалните мрежи.

Кога му ја покажале снимката на телефонот, Јокиќ изјави: “Бев слободен”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонец ќе го предводи нападот на ПАО од следната сезона

Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона бе…