Дома Фудбал ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

Меѓународната федерација за фудбал, ФИФА, донесе одлука да ја промени првично планираната дата за одржување на натпреварот за трофејот “Финалисима” меѓу Шпанија и Аргентина, при што двобојот ќе се одржи на 27 март 2026 година наместо на 28 март, информира шпанското издание “Марка”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Финалисима” е турнир кој се состои од еден-единствен меч, кој ги спротивставува победникот на Европското првенство и носителот на Копа Америка.

Според “Марка”, натпреварот треба да се одигра на стадионот „Лусаил“ во Катар. Желбата на ФИФА е настанот да биде организиран на таков начин што ќе создаде чувство на „големо финале“.

Сепак, се потенцира дека одржувањето на натпреварот целосно зависи од директното квалификување на Шпанија за Светското првенство. Ако „Ла Роха“ мора да учествува во плејофите за Мундијалот 2026, кои се закажани токму за март, тогаш “Финалисима” нема да се одржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв меч за Меси по финалето на СП – остана без победа со автогол на Каземиро на дебито (Видео)

Лионел Меси се врати на теренот за прв пат по поразот на Аргентина во финалето на Светскот…