Дома Фудбал Ограбен е домот на Бастони за време на натпреварот против Кајрат

Ограбен е домот на Бастони за време на натпреварот против Кајрат

Четворица мажи го ограбиле домот на дефанзивецот на Интер Алесандро Бастони за време на победата на тимот со 2:1 во Лигата на шампионите против Кајрат, соопшти “Газета дело Спорт”. Италијанскиот репрезентативец го помина натпреварот на клупата за резерви.

Според информациите, од кога влегле во домот на фудбалерот, крадците веднаш се упатиле кон гардеробната соба, од каде што украле дизајнерски чанти и два швајцарски часовника “Ролекс”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Крадците ја напуштиле куќата неколку минути подоцна. И покрај уклучениот аларм, обезбедувањето и локалната полиција не успеале да стигнат на местото навреме и да ги фатат крадците.

Домот на Бастони бил празен за време на кражбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Реал Мадрид: Избркајте го Винисиус, а во напад доведете го хрватскиот ѕвер

Навивачите на Реал Мадрид добија можност самите да го изразат своето мислење за потенцијал…