Дома Фудбал Аморим го коментира тимот на Јунајтед и особено истакна три имиња: Тие се пресудни

Аморим го коментира тимот на Јунајтед и особено истакна три имиња: Тие се пресудни

Рубен Аморим откри колку го почитува Матеус Куња, нарекувајќи го „маверик“ – играч кој поседува посебна енергија и знае како да влезе под кожата на противниците.

Бразилецот ова лето пристигна на Олд Трафорд од Вулверхемптон во трансфер вреден 62,5 милиони фунти и многу брзо стана миленик на навивачите на Црвените Ѓаволи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Иако досега има постигнато само еден погодок во десет натпревари, Куња со својот стил на игра и темперамент го одушеви Аморим и публиката.

Аморим смета дека Куња има нешто што не може да се научи – природна харизма и присуство што го менува текот на натпреварот.

„Куња е маверик кој прави работи што е тешко да се најдат кај некои играчи. Игра со топката, но има таа посебна аура која може да влијае на мислите на противниците, и тоа е вистински важно”, рече Аморим.

Португалскиот експерт верува дека токму тој ментален фактор го прави Куња единствен и дека го издвојува од поголемиот дел од напаѓачите во лигата.

Покрај Куња, Аморим го издвоил и другиот летен новак – Брајан Мбаумо, кој пристигна за 71 милион фунти и веќе покажал колку може да придонесе за тимот.

Камерунецот досега постигнал пет голови и забележал една асистенција, а Аморим е особено задоволен од неговата директност во играта.

„Говориме за менталитетот на овие двајца играчи. Брајан е навистина директен и тоа ни недостасуваше минатата година”, рече Аморим за Men In Blazers Media Network.

„Го видовте тоа кај четвртиот гол што го постигнавме против Брајтон. Тој ја чувствува кога топката оди на нашиот дефанзивец и веќе е во трк кон позицијата. Тие мали нешта што луѓето не ги забележуваат многу придонесуваат да станеме поопасен тим.”

Аморим во разговор откри и колку е важен придонесот на Хари Мегваер, кој по тежок период во кариерата доживеа вистинска преродба.

Неговите одлични партии повторно го направија клучен играч во Јунајтед, а клубот сега разгледува и можноста за продолжување на договорот.

„Кога зборувате за Хари, станува збор за неговиот менталитет да ги надмине сите проблеми кои ги имаше, особено со навивачите на Англија”, рече Аморим.

„Можете да им помогнете на другите играчи да разберат дека работите се менуваат и дека ќе опстанете. Нема да исчезнете. Можете да ги надминете сите ситуации.”

Аморим смета дека се зборувало премногу за Мегваер поради работи надвор од теренот, додека се занемарувала неговата фудбалска вредност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ако на Дарвин не му одговара Саудиска Арабија, би можел да се пресели во Челси“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега на Ал Хилал, Дарвин Нуњез, повторно го посакуваат…