Дома Фудбал Легендата на Рома назначен за нов тренер на Џенова

Легендата на Рома назначен за нов тренер на Џенова

Фудбалскиот клуб Џенова го постави Даниеле Де Роси како нов предводник на стручниот штаб, откако од таа позиција неодамна беше разрешен Патрик Виера.

Легендата на Рома потпиша договор со клубот до крајот на сезоната, со годишна плата од 900.000 евра. Соработката би можела да се продолжи доколку тимот го оствари својот главен приоритет – опстанокот во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова нема да биде лесна задача за Де Роси, бидејќи Џенова моментално е еден од најслабите тимови во италијанскиот шампионат со шест бодови од десет одиграни кола.

Тимот од “Мараси” го удвои бодовниот биланс во последното коло, кога во судиското надополнување постигна победа на гостувањето кај Сасуоло, под водство на нивната легенда Доменико Кришито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…