
Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување претдоговор со екипата на Селтик и сака во тимот од своето детство да ја заврши кариерата.
Левиот бек кој има 31 година и чии договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, имаше голем успех во дресот на тимот од „Енфилд“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Со Ливерпул освои две титули во Премиерлигата, а освои и Лига на шампиони. Еден од најдобрите леви бекови во историјата на тимот од „Енфилд“.
Под водство на Јирген Клоп, Енди Робертсон беше навистина феноменален, но откако тренер на Ливерпул стана Арне Слот, Андерсон едноставно не е истиот.
За Арне Слот, подобар е Милош Керкез, кој летово го доведоа од Бурнмаут за 50 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека блиските луѓе на Робертсон ги потврдуваат неговите чувства кон оваа желба, дека само Селтик го има во неговото срце и дека сака да се врати во овој клуб.
“Тој трансфер има смисла, особено лично за него. Сака да врати нешто на фудбалот во Шкотска и да ја заврши кариерата таму каде што започна”, вели негов пријател за англиските медиуми.
Од Селтик исто така се подготвени да делуваат и веќе во јануари сакаат да биде потпишан претдоговор кој ќе значи дека Робертсон од лето пристигнува во нивниот клуб.