
Полицијата во Бриж уапси фан на Барселона кој го запалил автобусот со фанови пред нерешениот меч 3:3 на Каталонците со Белгијците во четвртиот круг на Лигата на шампионите, известува Diario Sport.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пироманот е идентификуван. Во автобусот имало и фанови на Барселона. Се известува дека итните служби им помогнале на лицата да излезат од возилото.
Тече истрага за случајот со уште двајца фанови на Барселона, чии факли биле конфискувани. Барселона има освоено 7 поени и се искачи на 11-то место на табелата. Клубот Бриж се наоѓа на 22-ро место со 4 поени.