
Од денеска Џенова официјално има нов тренер – Даниеле Де Роси, легендата на романскиот фудбал.
Екипата на Џенова го претстави својот нов тренер кој има славната кариера во Рома. Де Роси својот прв настап како тренер ќе го има веќе во недела, кога ќе се соочат со Фиорентина.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Според информациите од италијанските медиуми, Де Роси потпишал краткорочен договор до крајот на оваа сезона. Сепак, постои можност за продолжување на договорот ако двете страни бидат задоволни и Џенова избегне испаѓање во Серија Б.
По завршувањето на неговата играчка кариера, Де Роси имаше тренерски ангажмани во СПАЛ и во Рома претходната година.
Во петок е закажана прес-конференција на која Де Роси ќе биде официјално претставен пред медиумите.
Џенова во моментов се наоѓа на 18. место во табелата со само шест бодови од десет натпревари, што го чинеше работењето на Патрик Вијеира кој беше отпуштен минатата недела.
Се очекува и Фиорентина да го претстави својот нов тренер пред натпреварот во недела, откако Стефано Пиоли доби отказ на почетокот на неделата.
✍️ Добредојде мистер 🔴🔵 pic.twitter.com/fvbu8pHOzw
— Genoa CFC (@GenoaCFC) November 6, 2025