Дома Фудбал Бура во мак-фудбалот: Пелистер се скара со Вардар – во Битола веќе нема место ниту за управата, ниту за навивачите!

Бура во мак-фудбалот: Пелистер се скара со Вардар – во Битола веќе нема место ниту за управата, ниту за навивачите!

Еден ден по дербито во Битола во кое Вардар славеше со 2-1, од таборот на Пелистер реагираа со остар став и порачаа дека го прекинуваат секој однос со скопскиот клуб. Од битолскиот прволигаш велат дека во иднина нема да дозволат присуство на навивачите и раководството на Вардар на стадионот „Петар Милошевски“.

Причината, како што наведуваат, е тоа што дел од навивачите на Вардар оштетиле столчиња и делови од трибината каде што биле сместени.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„ФК Пелистер ја известува јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември, се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион, во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот ‘Петар Милошевски’.

Исто така сакаме да ги апострофираме некоректните изјави на одредени медиуми и постови на социјалните мрежи на високи претставници на ФК Вардар, кои иницираат омраза и инциденти. Ако на ова го додадеме присуството на големо обезбедување на извршниот директор на Вардар, минатата година и наоружано, во свечената ложа на стадионот Петар Милошевски, одлучивме да ги прекинеме институционалните односи со ФК Вардар.

Ваквиот принцип не е наш принцип и не сакаме да бидеме дел од ваков однос и соработка. За оваа управа на ФК Вардар нема повеќе место на нашиот стадион, во нашата свечена ложа, во нашиот ВИП простор. Пелистер ќе го почитува секој оној што ќе покажи почит кон Пелистер.

Во случај на промени и поставување на соодветни лица, достојно за имиџот и традицијата на ФК Вардар, спремни сме да подадеме рака на соработка“, стои во соопштението на Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика има катастрофални резултати и се наоѓа на дното во Лигата на шампионите, еве што вели Мурињо!

Бенфика вчера претрпе пораз од 1:0 на домашен терен во Лисабон од Баер Леверкузен во четвр…