
Килијан Мбапе и неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен ќе се соочат еден против друг во судот на 17 ноември. Обете страни се повикани на сослушување пред трудовиот суд во Париз по еден од спорните случаи меѓу нив, соопшти денес агенцијата „Франс Прес“.
Конфликтот помеѓу француската ѕвезда и парискиот клуб ќе влезе во нова фаза во понеделник, 17 ноември, кога е закажано заседанието. Сослушувањето, кое ќе започне во 13:00 часот по локално време, ќе се фокусира на барањето на напаѓачот за преквалификација на неговиот трудов договор со парижаните.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Поранешниот капитен на ПСЖ, кој сега е играч на Реал Мадрид, инсистира неговиот роковен договор со клубот да биде трансформиран во договор без временски ограничувања. Случајот ќе премине директно на разгледување по суштина, без обичната фаза на помирување, поради природата на поставените барања. Се очекува одлуката да биде објавена дури по неколку месеци, поради стандардните рокови за обработка во трудовиот суд.
Откако премина во Мадрид како слободен играч во летото 2024 година, Мбапе иницира неколку судски постапки против неговиот поранешен клуб. Тој бара сума од 55 милиони евра, која вклучува неговите последни три плати, како и бонуси за потпишување и лојалност, кои според него не му биле исплатени.
Од своја страна, ПСЖ тврди дека имало усмен договор со играчот. Според клубот, напуштајќи без трансферна сума, Мбапе се согласил да се откаже од дел од своите примања, за да не влијае на финансиската положба на ПСЖ. Оваа верзија е категорично отфрлена од таборот на капитенот на Франција, кој ја смета за „фантазија“.
Во април, фудбалерот успеа да обезбеди запленување на сметките на клубот за споменатите суми, но одлуката беше поништена крајот на мај. Казнениот аспект на спорот останува отворен: иако Мбапе ја повлече својата жалба за морално вознемирување, сè уште тече истрага против непознат извршител, поврзана со испраќањето на играње со групата непотребни играчи во летото 2023 година.