
Фудбалерите на Ливерпул славеа против Реал Мадрид со 1:0 на Енфилд, а единствениот погодок го постигна Алексис Мак Алистер во 61-та минута. Тогаш, Доминик Собослаи изведе слободен удар, а аргентинскиот играч со глава донесе победа за англискиот тим.
Тимот на Арне Слот ја запиша втората последователна победа во сите натпреварувања, со што барем засега излезе од кризата, додека Реал го прекина својот постојан победнички низ од шест натпревари. Ова е само втор пораз за Реал оваа сезона, откако Атлетико ги совлада со 5:2 во Ла Лига. И двете екипи имаат по девет бодови во Лигата на шампионите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Моментот кој предизвика контроверзии се случи во 30-тата минута, кога Собослаи шутираше од далеку, а топката ја погоди раката на Аурелијан Чуамени. Романскиот судија Истван Ковач досуди слободен удар, но веднаш беше повикан од ВАР собата бидејќи изгледаше дека играчот на Реал беше во рамките на неговиот шеснаесетник.
Ковач ја прегледа снимката каде што се утврди дека допирот со раката се случи во казнениот простор на гостите. Сепак, на изненадување на сите присутни, романскиот судија не досуди ниту пенал, ниту слободен удар, туку ја додели топката на Реал. Ситуацијата може да ја погледнете на видеото на 2:15.
Многумина се прашуваа како е можно судијата, по досудениот слободен удар и очигледната игра со рака, да донесе ваква одлука, а „Би-Би-Си“ ја објасни детално. Судии од ВАР собата го повикаа главниот судија бидејќи видоа дека играчот на Реал ја играл топката со рака во неговиот казнен простор. Тие ваквата одлука, фактички за позицијата на играната со рака, ја донесуваат исклучиво од ВАР, а не судијата на теренот.
Ковач на снимката виде дека Чуамени ја допрел топката со рака во казнениот простор, но неговата проценка беше дека не се работи за казниво играње на рака. Веројатно проценил дека раката, во моментот кога ја погоди топката, беше многу блиску до телото и дека не се работи за неприродно движење или намера да се зголеми телесниот обем.
Со оглед на тоа што не досуди потенцијален пенал, заради што го повикаа од ВАР собата, имаше можност да ја поништи својата првична одлука. И тоа го направи, и ја продолжи играта со додавање на топката на Реал, што всушност значеше загубен на посед за Ливерпул.