
Раководителот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека Исак Дулгариан повеќе не е дел од нивната организација, откако се појавиле индикации за наместен резултат во борбата со Јадиер Дел Валле.
Вајт во интервју за TMZ Sports ја објасни сложената ситуација која водеше до носење на оваа одлука.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“На денот на борбата, околу 13 часот, добивме информација од компанијата IC360, која е водечки експерт во областа на надзор на обложување. Тие предупредија на необични активности врзани за таа борба”, откри Вајт.
“Контактиравме со Дулгариан и неговиот адвокат, прашувајќи ги: ‘Што се случува? Забележавме необични обложувачки активности за вашата борба, дали сте повредени? Дали имате долг кон некого? Дали некој ви пришол да ја наместите борбата?’ А Дулгариан рече: ‘Не, апсолутно не, ќе го победам тој тип'”, рече Вајт.
Откако исходот на борбата се совпадна со сомнителните обложувања, Вајт одлучи веднаш да реагира.
“Првото нешто што го направив беше да го контактирам ФБИ. Денеска два пати имав состаноци со нив”, рече Вајт, упатувајќи сериозно предупредување до сите борци кои размислуваат за местење борби.
“Ако некој се обиде да мести борба, ќе му бидеме најголемиот непријател. Ќе дејствуваме агресивно со ФБИ за да обезбедиме таквите лица да завршат во затвор”, изјави Вајт, додавајќи дека обвинението против Дулгариан сѐ уште е само на ниво на сомнение.
“Јас не велам дека Дулгариан е виновен; сѐ уште нема докази против него, но можам да кажам дека ситуацијата не изгледа добро,” заврши Вајт.