
Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен Дезире Дуе е овогодинешен носител на наградата Golden Boy за најдобар фудбалер во Европа до 21 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот репрезентативец оваа година освои вкупно пет трофеи со ПСЖ, вклучувајќи ја и Шампионската лига, титулата во Лига 1, Купот на Франција и суперкупите на Франција и Европа.
Од почетокот на минатата сезона досега, десното крило има одиграно вкупно 69 натпревари со Парижаните, во кои постигнал 19 голови и 19 асистенции. Неговиот златен миг дојде во финалето на ШЛ, кога постигна два гола и асистираше за погромот од 5:0 против Интер.
Така 20-годишниот Дуе ја освои новинарската анкета за престижната награда, која минатата година беше доделена на Ламин Јамал од Барселона.
На церемонијата организирана од “Тутоспорт” беа доделени и други бројни награди, некои од кои беа пресудени од специјално жири, составено од фудбалски легенди, меѓу кои Лотар Матеус, Андриј Шевченко, Павел Недвед, Алесандро Костакурта, Сеск Фабрегас, Хуан Себастијан Верон и Руи Кошта.