Дома Фудбал Случајот „Дибала“ – Рома сака да ги насочи 8.000.000 на некој друг!

Случајот „Дибала“ – Рома сака да ги насочи 8.000.000 на некој друг!

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, повторно е повреден и јасно е дека ќе ги пропушти следните два натпревара.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, тоа не е најголемиот проблем за Рома.

Најголем проблем се 8.000.000 евра кои овој фудбалер ги добива годишно, што е премногу за Рома. Имајќи предвид дека неговиот сегашен договор истекува на крајот од сезоната, шансите да остане во Рома и по оваа сезона се навистина мали.

Единствен начин е сумата да се намали, но и тоа е прашање за Рома поради физичката состојба на овој фудбалер.

Уште пред натпреварот против Парма, спортскиот директор Фредерик Масара рече:

“Засега, нема никакви преговори”, рече тој.

Во ноември полни 32 години, па во Рома размислуваат споменатите 8 милиони да ги насочат кон некој друг…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Л’Екип“ изненади со изборот за прв фаворит за Златната топка

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Хвича Кварацхелија, го искористи летото за интензивни подгото…