
Фудбалер од Премиер лигата бил заплашен со пиштол на улица во Северен Лондон од познат спортски агент. Според авторитетниот англиски весник “Тајмс”, фудбалскиот менаџер, кој е на околу 30 години и претставува неколку играчи од елитата, бил уапсен по инцидентот што се случил во Барнет во септември.
Од лондонската полиција соопштија дека бил заплашен и друг маж, за кој се смета дека е роднина на фудбалерот. Менаџерот, чие име не може да биде објавено поради правни причини, бил испрашан за обвинувања за уцена и возење без возачка дозвола, како и за кривично дело поврзано со сопственост на огнено оружје.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во официјалното соопштение од метрополитенската полиција се вели дека полицајци биле повикани во 23:14 часот во сабота, 6 септември, „по сигнали дека маж на околу дваесет години бил заплашен со огнено оружје на Cockfosters Парад, Барнет.
„Службениците разговараа со жртвата и во текот на истрагата се покажа дека уште еден маж, исто така на околу дваесет години, бил предмет на наводна уцена и закани од истото лице. Нема информации за повредени во ниту еден од двата инцидента. Маш на 31 годишна возраст беше уапсен во понеделник, 8 септември, по осомниченост за сопственост на огнено оружје со криминални намери, уцена и возење без возачка дозвола. Тој е пуштен на слобода со кауција во очекување на понатамошни проверки“, се вели уште во соопштението.
Според извор, цитиран од “Сан”, кој прв објави детали за случајот, играчот „разбирливо бил потресен. Тој веднаш го пријавил тоа што се случило“, додава изворот. „Тоа беше правилно нешто да го направи за својата безбедност. Тој доби поддршка од своите пријатели и клубот и сите се надеваат дека инцидентот нема да влијае на неговиот настап“.
Според англискиот таблоид, спорниот фудбалер, чија самоличност не се открива, е на возраст под 30 години, а неговата пазарна вредност се проценува на околу 60 милиони фунти (над 68 милиони евра).