Дома Фудбал Урнебесна изјава на Гвардиола по победата: „Најверојатно Арсенал еден ден ќе прими гол“

Урнебесна изјава на Гвардиола по победата: „Најверојатно Арсенал еден ден ќе прими гол“

Манчестер Сити доминантно го победи Борнмут во рамките на десеттото коло од Премиер лигата, а Пеп Гвардиола имаше многу интересна изјава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ се соземаа по поразот од Астон Вила во претходното коло и се искачија на второто место на табелата, претекнувајќи го токму Борнмут кој го совладаа оваа вечер.

На Пеп Гвардиола му се врати насмевката на лицето, за што најзаслужен беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола. На прес-конференцијата по завршувањето на натпреварот, Гвардиола имаше интересна забелешка поврзана со борбата за титулата:

– Најверојатно Арсенал еден ден ќе прими гол, нели – беше ироничен Гвардиола.

Арсенал има убедливо најдобра одбрана во лигата. Лондонскиот клуб е на првото место на табелата, а по десет натпревари примил само три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …