Дома Фудбал Турската фудбалска федерација суспендира 149 судии поради скандалот со обложувањата

Турската фудбалска федерација суспендира 149 судии поради скандалот со обложувањата

Турската фудбалска федерација (ТФФ) времено суспендираше 149 судии и асистенти како резултат на истрагата за обложување на натпревари во професионалните дивизии. Дисциплинската комисија изрекла казни од 8 до 12 месеци на оние што прекршиле правилата, додека истрагата продолжува против уште тројца.

ТФФ го објави целиот список на суспендираните судии на својата официјална веб-страница и објасни дека казните се формирани според значењето на прекршувањата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот на турската федерација Ибрахим Хаџиосманоглу изјави дека истрагата открила дека 371 од 571 активен судија во земјата имаат регистрации во компании за обложување. Од нив, 152-ца биле активни во обложување на фудбалски натпревари.

“Турскиот фудбал е во морална криза. Основниот проблем е недостатокот на етика и морал. Прашајте било кој судија дали не ги добил своите пари од федерацијата и ако има дури еден таков случај, ќе поднесам оставка. Всушност, дури и им ги зголемивме платите две години по ред”, рече тој, цитиран од CNN.

Хаџиосманоглу додаде дека некои од прекршителите ги преминале сите граници. Еден од судиите има 18.227 облози, а 42-ца ја преминале границата од илјада. Претседателот на ТФФ исто така рече дека неколку од нив имаат само по еден регистриран облог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…