Дома Фудбал Флик со вести за Јамал, Левандовски и Олмо

Флик со вести за Јамал, Левандовски и Олмо

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, зборуваше пред медиумите пред утрешниот домашен натпревар на Каталонците против новиот тим Елче. Германскиот тренер се враќа на клупата, откако беше суспендиран и го пропушти поразот со 1:2 од големиот ривал Реал Мадрид во претходниот натпревар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Ова е различен натпревар и ми се допаѓа начинот на кој игра Елче. Играат добро, како тим, наоѓаат решенија. Треба да ги притискаме како што сакаме, следејќи го нашиот план на игра. Ми се допаднаа последните два натпревари.

„Олмо и Левандовски се назад во групата. Ќе видиме како ќе се адаптираат и ќе одлучиме што да правиме. Што се однесува до Жоан Гарсија, го следиме од ден на ден. Тој се справува многу добро, на добар пат е, но не треба да го притискаме. Тој напредува добро“.

„Само оваа недела ли се зборува за Ламин или секоја недела? Ламин е добро. Во некои денови чувствува одреден дискомфорт, но се релаксира и се подобрува. Напредува добро. Како се грижиме за Ламин? Тоа го правиме; разговараме со него нормално. Многу сме искрени; така работи најдобро. Тој е фантастична личност, многу млад и ќе продолжиме по тој пат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…