Дома Фудбал Два италијански гиганти се „тепаат“ за Зиркзе

Два италијански гиганти се „тепаат“ за Зиркзе

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.

Зиркзе минатото лето пристигна како големо засилување во Јунајтед, но разочара во досегашниот дел од сезоната, а и тренерот нема да смета сериозно на него.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација веќе почнал преговори со Манчестер Јунајтед и сака да го доведе Холанѓанецот на позајмица со право на откуп следното лето.

Покрај Јувентус интерес за Зиркзе покажува и Милан, па двата италијански гиганти ќе се борат за потписот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…