
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, официјално потврди дека оваа недела тимот повторно ќе го добие придонесот на двајца значајни играчи: напаѓачот Ерлинг Халанд и играчот за врска Родри.
Ерлинг Халанд го пропушти последниот натпревар на Манчестер Сити во Лига Купот против Свонзи поради повреда што ја заработи во дуелот со Астон Вила. При тој натпревар, тој удри во стативата и болката го спречи да игра во текот на неделата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако беше надвор од терените, Халанд и натаму го држи водството како најдобар стрелец во Премиер лигата со постигнати 11 гола, додека зад него се наоѓаат Тијаго од Брентфорд и Семењо од Борнмут со по шест постигнати гола.
За разлика од Халанд, шпанскиот играч за врска Родри не е на теренот уште од почетокот на октомври, кога заработи повреда на тетивата во дуелот со Брентфорд. Гвардиола потврди дека Родри е подготвен за враќање, но останува неизвесно дали ќе биде дел од почетниот состав.
„Родри е повторно со нас, но не сум сигурен дали ќе стартува од првата минута“, изјави Гвардиола во пресрет на неделниот натпревар против Борнмут.