Дома Фудбал Хари Кејн „смешен“ кога ќе се спореди со Кристијано Роналдо

Хари Кејн „смешен“ кога ќе се спореди со Кристијано Роналдо

Неверојатно споредување на двајца врвни фудбалери, но со сосема различни статистики.

Англичанецот Хари Кејн во последната деценија е еден од најдобрите и најценетите стрелци во Европа, па дури и во светот. Сосема заслужено.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Постигна многу голови додека како капитен го предводеше нападот на Тотенхем, со вкупно 280 голови е најдобар стрелец на лондонските Петли на сите времиња и со 213 постигнати голови е втор најдобар стрелец во Премиер лигата, зад Алан Ширер.

Исто така, со 76 голови е најдобар стрелец на репрезентацијата на Англија на сите времиња.

Својата голгетерска форма ја продолжи и во Баерн Минхен, две сезони последователно беше најдобар стрелец на Бундеслигата, а и актуелната сезона убедливо е прв на листата на стрелци со 12 голови во првите осум кола.

Значи, нема сомнение дека станува збор за фантастичен голгетер. Меѓутоа, кога неговите бројки ќе се споредат со голгетерскиот учинок на Кристијано Роналдо, тоа буквално е – неспоредливо.

Во корист на Португалецот, секако.

Статистичарите пресметале дека Хари Кејн во целата професионална кариера постигнал точно 488 голови, што е само еден повеќе од Кристијано Роналдо, ако се сметаат само головите кои Португалецот ги постигнал откако ја наполнил 30 годишна возраст.

Неверојатен податок.

Ако се бројат сите голови, славниот Португалец значително се приближува кон илјадитиот официјален гол. Во моментов е на бројка 950. Му недостигаат уште „само“ 50 голови за да влезе во историјата како првиот и единствен фудбалер во светот со троцифрен број на голови.

Ако се гледа вака, излегува дека Хари Кејн е „смешен“ во споредба со Кристијано Роналдо. И не само Хари Кејн

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Роси ќе го преземе повеќекратниот освојувач на Скудетото!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, легендата на Рома Даниеле де Роси, по СПАЛ и „…