
Вардар го совлада Силекс со 2-1 во дербито на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Херој на црвено-црните беше Роџерс Мато кој од белата точка во 101 минута му донесе важни три бода на Вардар.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Уште во 8. минута вардарци поведоа со голот на Азер Омерагиќ по одличната асистенција од Олаосебикан, но само шест минути подоцна гостите од Кратово израмнија преку Алдин Хрвановиќ.
Во 90+6 минута, главниот судија не можеше да ја види играта со рака од гостинскиот одбранбен играч поради блокирано видно поле. ВАР системот правилно интервенираше и по преглед на снимката беше досуден пенал за домашната екипа.