Дома Фудбал Гигс осум години спиел со жената на својот брат, а тој конечно ги дочека своите пет минути

Гигс осум години спиел со жената на својот брат, а тој конечно ги дочека своите пет минути

Рајан Гигс, легенда на Манчестер Јунајтед и поранешен селектор на репрезентацијата на Велс, беше во центарот на еден од најголемите скандали во британскиот фудбал. Аферата која траеше осум години вклучуваше ништо помалку отколку сопругата на неговиот брат, Наташа Левер.

Приказната започна додека Рајан беше во брак со Стејси Кук, а Родри Гигс, неговиот брат, веројатно немаше никаква идеја што се случува зад сцената. Тајната врска која се развиваше со години, излезе на површина во 2011 година и предизвика вистинска медиумска бура.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Родри Гигс не ги штедеше зборовите: „Тој е црв, лисица и кукавица“, изјави за својот брат, јасно ставајќи го до знаење колку го повредила аферата. Наташа Левер, од друга страна, призна дека се чувствува глупаво поради сè и дека врската повеќе немаше романтична – стана, како што рече, „валкана и комплицирана“.

Рајан Гигс го призна односот, но ова не беше само приватен скандал. Неговиот имиџ како фудбалска икона сериозно беше потресен. Повеќето медиуми во Велика Британија со денови следеле секој детал, од разводот до семејните проблеми. И додека Родри во еден момент дури заработи околу 1 милион фунти од интервјуа и медиумско внимание, семејството остана длабоко рането.

Наташа Левер и Рајан Гигс имале вонбрачни афери во хотелски соби и празни недвижности кои таа како агент имала пристап преку својата работа.

Денес, Родри продолжува со својот живот, ангажиран во различни проекти, додека Рајан, покрај оваа афера, имаше и правни проблеми во подоцнежните години. Скандалот, сепак, останува запаметен како пример за тоа колку приватниот живот на врвен спортист може да биде турбулентен и колку може да влијае на угледот, дури и на еден фудбалски великан како Рајан Гигс.

Поминаа 14 години откако жена му го изневери со брат му, а Родри одлучи повторно да се ожени. „Дејли Мејл“ известува дека 49-годишниот Родри е во врска со својата нова партнерка Викторија Филипс од Стокпорт веќе повеќе од една година и дека ја побарал за жена порано овој месец.

А Рајан Гигс беше уапсен во ноември 2020 година по сомнение за две напади на неговата поранешна партнерка Кејт Гревил и нејзината сестра Ема. Ослободен е во јули 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…