Дома Фудбал Алонсо даде остар одговор за хаосот кој го предизвика Винисиус

Алонсо даде остар одговор за хаосот кој го предизвика Винисиус

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се обрати пред новинарите пред натпреварот од првенството против Валенсија, а главната тема беше “случајот Винисиус” по инцидентот во Ел Класико. Алонсо решително ја заврши таа приказна, истакнувајќи дека ситуацијата е решена внатре во тимот и дека сега фокусот е исклучиво на фудбалот.

И покрај бројните прашања за бразилскиот напаѓач, неговото извинување и соопштението во кое не го спомна тренерот, Алонсо беше јасен. “Во среда, по два дена одмор, имавме состанок со сите. Вини беше многу добар, беспрекорен, зборуваше искрено, од срце и бев многу задоволен. Од тогаш случајот е завршен”, рече Алонсо и додаде дека нема да има никакви санкции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Го пофали и соопштението на Винисиус: “За мене, тоа беше многу вредно, многу позитивно соопштение кое ја покажа неговата искреност. Зборуваше од срце, за овој клуб и она што сака да го даде.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Имаa единаесет порази по ред и само два бода во лигата. Јунајтед не успеа да ги победи

Во 19. коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1 против Вулверхемптон…