Дома Останати Тенис Во последен момент откажан мечот на Ѓоковиќ со Циципас – поради безбедносни причини!

Во последен момент откажан мечот на Ѓоковиќ со Циципас – поради безбедносни причини!

Предвидениот пријателски натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, кој требаше да се одржи денеска во Атина, е откажан во последен миг бидејќи грчките власти оценија дека нема соодветни безбедносни услови за одржување на настанот, известуваат локалните медиуми.

Средбата од забавен карактер беше закажана во Зепион, непосредно во центарот на Атина и беше планирано да привлече голем број гледачи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, полицијата и безбедносните служби одлучиле дека настанот треба да се откаже поради проценка на ризикот и можните потешкотии при организацијата на собирот на оваа локација.

Поради ова, публиката ќе биде лишена од можноста да ужива во атрактивните потези на Ѓоковиќ и Циципас, но ова нема да го засегне одржувањето на официјалниот тениски турнир во Атина, кој започнува на 2 ноември и ќе трае до 8 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Свадбата траеше 3 дена: Познат тенисер се венча со Хрватка, венчавката како во филм за Џејмс Бонд

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим (25) го доживува можеби најубавиот период во кариер…