
Специјалните полициски сили го прекинаа тенискиот меч и приведоа тенисерки.
Од Белорусија доаѓа неверојатна снимка каде што се гледа како специјалците упаѓаат на тениски меч, наредувајќи на тенисерките и судијата да се постават до ѕид, по што мечот е прекинат, сето тоа во директен пренос.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во што станува збор? Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, вкупно 19 лица се уапсени во рамките на истрагата, осомничени за учество во голема измама.
Најверојатно биле организирани местени кошаркарски и тениски турнири во и надвор од Белорусија, кои потоа се пренесувале на интернет страницата на обложувалницата за да ги измамат кладителите и да им украдат пари.
За време на претресот на спортските објекти и канцелариите во Минск и околината, пронајдени се компјутерска опрема, финансиски документи, готовина и криптовалута во вредност од половина милион американски долари.
Властите идентификуваа околу 200 учесници во нелегалните турнири, а наводните организатори се во бегство. Против уапсените е покрената постапка за измама од големи размери извршена од страна на организирана група, а доколку бидат прогласени за виновни им се заканува казна до 12 години затвор.
In Belarus, special forces raided a tennis tournament and lined everyone up against the wall.
— NEXTA (@nexta_tv) October 29, 2025
The operation is likely linked to so-called match-fixing schemes. There have been no official comments so far. pic.twitter.com/6W6yr6QYpd