
Никола Јокиќ одлично го започна новата сезона и запиша нов трипл-дабл. Тој на натпреварот со Њу Орлеанс Пеликанс забележа 21 поен, 12 скока и 10 асистенции.
Тоа беше четвртиот последователен трипл-дабл на почетокот од оваа сезона и Јокиќ така се изедначи со само двајца играчи кои досега во историјата на НБА лигата успеале да ја почнат сезоната со трипл-дабл учинок. Тоа се неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук и неверојатниот плејмејкер Оскар Робертсон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Трикратниот НБА МВП ја започна сезоната со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции во натпреварот со Голден Стејт, забележа 14 поени, 14 скока и 15 асистенции против Феникс, а на натпреварот со Минесота имаше 25 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Одлично ја започна сезоната, бидејќи за тоа време неговиот тим забележа само еден пораз, така што Денвер со новите засилувања значително е подобар од минатата сезона.