Дома Фудбал Лукас Пакета сака да го напушти Вест Хем, клубот бара 60 милиони за него

Лукас Пакета сака да го напушти Вест Хем, клубот бара 60 милиони за него

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, сака да го напушти клубот за време на зимскиот трансферен период. Летоска, Бразилецот беше ослободен од обвиненијата за местење на натпревари, а целокупната истрага траеше две години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Токму пред тоа, Пакета беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, бидејќи двата клуба се договорија за зделка вредна 85 милиони фунти, но откако ФА го подигнаа обвиненијата против играчот, “граѓаните” се откажаа. Летово Астон Вила беше блиску да го донесе Пакета, но Вест Хем конечно одбија овој трансфер, зошто немаа време да најдат замена за Бразилецот.

Според англиските медиуми, во зима “чеканите” се спремни да го продадат 28-годишниот играч од средниот ред, но ќе бараат од 50 до 60 милиони фунти кои ќе ги инвестираат во нови играчи. Формата на Пакета од почетокот на сезоната, сепак, не е толку добра, бидејќи има само два гола досега.

Фламенго има интерес да го врати Пакета, но сигурно нема да може да си дозволи таква сума. Манчестер Сити веќе нема интерес, така што останува да се види дали клубови како Астон Вила и Тотенхем, кои порано беа поврзувани со Пакета, ќе се вклучат во борбата за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо им порача дека не смета на нив, но тие го изненадија со својот одговор: „Никој не оди никаде“

Фудбалерите на Реал Мадрид со полн гас се подготвуваат за почетокот на новата сезона и се …