Фудбалскиот клуб Евертон тргна во офанзива на менаџерот на Ватфорд, Маркос Силва пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Евертон неодамна му врачи отказ на тренерот Роналд Куман поради серијата на лоши резултати и се уште нема пронајдено адекватно решение, а Силва е прва мета на раководството.
Меѓутоа, проблемот е во тоа што Евертон му нуди само 10 милиони евра на Ватфорд да го пушти Силва, а клубот не ни размислува да се раздели со тренерот.
Од друга страна Евертон е поголем и попрестижен клуб, па и самиот Силва би сакал да ги предводи „карамелите“.
Англиските медиуми пренесуваат дека во наредните денови ќе биде се јасно, а Евертон не се отлажува од идејата да го донесе Маркос Силва на кормилото.