Дома Фудбал Нов удар за Барселона: Педри го чека пауза!

Нов удар за Барселона: Педри го чека пауза!

По поразот од Реал Мадрид, Барселона се соочува со уште една непријатна вест – Педри се повреди на тој натпревар и мора да паузира.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонските медиуми денес потврдија дека Педри доживеал повреда и му претстои пауза од неколку недели.

Педри во натпреварот заработи и црвен картон во судиското продолжение, па и онака ќе беше суспендиран за дуелот со Елче, но поради повредата ќе ги пропушти и гостувањата на Клуб Бриж и Селта, а по паузата и дуелите против Атлетик Билбао и Челси на “Стемфорд Бриџ”.

Се очекува Педри да се фокусира на својот опоравок со цел да биде подготвен за дербито со Атлетико Мадрид, кое Барселона го игра на 2 декември.

Ова е еден од најлошите моменти за такви вести, бидејќи од игра се надвор и Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Жоан Гарсија.

Во отсуство на Педри и Гави, се предвидува дека стартното место покрај Френки де Јонг ќе го заземе Марк Касадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…