Дома Фудбал Барселона во декември ќе одигра натпревар вреден 8 милиони евра

Барселона во декември ќе одигра натпревар вреден 8 милиони евра

Раководството на Барселона наводно се ближи до финализирање на договорот за одигрување на натпревар што ќе му донесе на овој клуб заработка од околу осум милиони евра.

Барселона во декември треба да одигра пријателски натпревар во Перу, а тоа ќе им донесе многу добра заработка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Финансиската понуда беше неодолива за раководството на Барселона, особено по „неуспехот“ кога станува збор за планираниот натпревар против Вилјареал, кој требаше да се одигра во Америка.

Да ја одиграа таа средба против Вилјареал во Америка, Барселона наводно ќе инкасираше околу шест милиони евра.

Наводно, раководството на Барселона одбило да одигра пријателски натпревар во Либија на 10 октомври, а тој натпревар можел да им донесе заработка од околу пет милиони евра.

Клубот сето тоа го одби поради наводни безбедносни проблеми, а истата понуда за пријателски натпревар ја доби и Атлетико Мадрид, кој ја прифати.

По сето тоа, Барселона доби профитабилна понуда за да одигра овој пријателски натпревар во Перу и се подготвени да ја прифатат.

Според новинарите од Мундо Депортиво, овој натпревар ќе донесе заработка на Барселона од околу осум милиони евра и тоа е навистина тешко да се одбие.

Особено за раководството на Барселона оваа понуда беше тешко да ја одбијат, имајќи ги предвид сегашните околности и загубените приходи од натпреварите како оној во Америка.

Претседателот на Барселона, Лапорта, вчера се состана со капитените на Барселона, Ханси Флик и Дек, во тренинг центарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …